Новиот материјал кој што го создадоа научниците на Сити Универзитетот од Њујоршкиот напреден истражувачки центар е тенок како алуминиумска фолија, но станува неверојатно цврст кога ќе се најде под удар на сила.
Истражувачите користеле графен за да создадат материјал кој што е исклучително лесен, но истовремено и отпорен на куршуми. Материјалот со име „Дијамин“ се состои од два листа на графен – неодамна развиениот „чудесен материјал“ кој што е до 200 пати посилен и од најсилниот челик.
„Замислете материјал кој е флексибилен и лесен како фолија, но станува цврст и доволно тврд за да сопре куршум при ударот“, велат научниците од истражувачкиот центар.
Во новобјавената работа во Природната нанотехнологија, истражувачите од Сити Универзитетот во Њујорк го опишуваат процесот на создавање на материјалот – флексибилни, слоевити листови на графен кои што привремено стануваат потврди од самиот дијамант и се непробојни при силен удар.
Доколку производството на материјалот „Дијамин“ стане доволно пристапно, не е тешко да се замисли дека овој материјал може да спаси илјадници животи, посебно оние на полицајците и војниците.
Овој материјал исто така би бил од непроценлива вредност и во авио-индустријата, посебно кога се во прашање борбените авиони.
Поврзани артикли