Според очекувањата, Samsung на саемот CES 2018 нема да го претстави својот нов телефон Galaxy S9 затоа што во Лас Вегас повеќе се концентрира на телевизори, фрижидери, машини за перење и IoT.
Иако се очекуваше телефонот да биде претставен на посебен настан од типот на Unpacked, шефот на мобилната дивизија на Samsung, Ди Џеј Кох, на конференција во Вегас изјави дека Galaxy S9 и S9 ќе бидат претставени на Светскиот конгрес за мобилна технологија (MWC-u2018 – Mobile World Congres), кој ќе се одржи од 26 февруари од 1 март во Барселона.
Според досегашните гласини и информации, новиот телефон на Samsung би требало да има препознавање на лице Face ID, додека ќе има процесор Exynos 9810 за сите пазари, додека американските модели ќе имаат процесор Qualcomm Snapdragon 845. Во гласините се споменуваше и дека на задната страна ќе има камера со двојна леќа, додека екранот ќе биде ист како на моделот S8.
Поврзани артикли