Претседателот на Русија, Владимир Путин не користи мобилен телефон, затоа што тој уред подразбира подготвеност на целосна транспарентност, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој во интервју за телевизијата “Русија 24” рече дека користењето на смартфон е “доброволен егзибиционизам, целосна отвореност”, бидејќи оној момент кога ќе го земе паметниот телефон во раце, корисникот прифаќа се свое да објави јавно.

“Секако, претседателот тоа не треба да го прави, посебно не претседател на таква земја какква што е Русија и претседател како што е Путин”, истакна Песков и додаде дека “добрите стари телефони со затворена врска ќе ги надживеат сите смартфони”.

Според неговите зборови, информациските материјали за претседателот на државата се подготвуваат со помош на печатачи и дигитални уреди.

“Претседатлот може да се информира на компјутер, интернет и преку телевизија”, рече Пескови.

Одговарајќи ма прашање дали го прашува Путин пред да прокоментира изјава на некое странско официјално лице, Песков истакна дека “секогаш постои можност да се праша претседателот да го појасни својот став”.