Кинескиот дистрибутер на Nokia, Suning.com денеска го промовираше изгледот и спецификациите на наследникот на финскиот уред Nokia 6 за 2018 година.
Под името Nokia 6 2018 уредот се појавува со засилени перформанси и унапредени карактеристики, но и некои недостатоци, што е вообичаено кога се работи за midrange Androin уреди.
Новиот смартфон доаѓа со алуминиумско тело, 5,5-инчен fullHD дисплеј, on-screen навигациски типки и скенер за отпечаток од прст кој се наоѓа на задниот дел. Исто така, на задниот дел се наоѓа и камера од 16 мегапиксели, додека на предниот дел е прикачена камера од 8 мегапиксели.
Уредот има процесор Snapdragon 630 пропратен со 4 GB RAM. Батеријата е со стандардните 3.000 mAh, а се полни преку fastcharger полнач преку USB-C порт кој служи и за синхронизација на податоци. Внатрешната меморија се движи од 32 до 64 GB.
Уредот ќе работи на оперативниот систем Android Nougat 7.1.1, додека од Nokia ветуваат дека ќе има и апдејт за Oreo. Телефонот би требало да чини од 190 до 220 евра.
Извор: Klix.ba