Инкубаторот C-Lab на јужнокорејски Samsung секоја година произведува бројни „чудесни“ уреди, а оваа година меѓу првите проекти е производството на колекцијата паметни звучници S-Ray кои ќе може да се носат околу врат.
S-Ray колекцијата се состои од три звучници кои што работат речиси исто како и слушалките, односно репродуцираат музика и други звуци, но во овој случај, тие ќе може да ги слуша само едно лице.
Тешко е да се замисли дека е возможно вакво нешто, но секако е добра идеја. Samsung сака да создаде амбиент во кој што луѓето ќе можат да слушаат музика или да гледаат филмови така што истовремено ќе можат да слушаат се околу себе затоа што слушалките нема да бидат поставени во ушите.
Сепак, на многумина не им е јасно како инжинерите на јужнокорејскиот технолошки гигант планираат да го насочат звукот да го слуша само едно лице.
Експертите предвидуваат дека samsung ќе може да го оствари тоа со користење на звучници со технологија на придушување и спречување на распрскување на звукот кој ќе излегува од звучниците на слушалките.
Покрај звучникот во облик на ланец, S-Ray колекцијата на паметни слушалки се состои и од уште два мали преносливи звучници.
Заедно со S-Ray звучниците, јужнокорејски Samsung наскоро ќе произведе и апликација за вежби за дишење под назив GoBreath и паметни очила наречени Relumino кои што ќе им помагаат на луѓето со оштетување на видот.
Извор: Klix.ba