Мистериозни објекти: Што пронајдоа научниците на Марс?

Научниците на NASA забележале група на необични објекти на Црвената планета, кои ги фотографирал роверот Curiosity.

Биле забележани фотографии од камени фигури долги околу половина сантиметар, а научниците претпоставуваат дека станува збор за кристали, или минерали кои го исполниле просторот на местата на кои се разложиле кристалите.

Научниците на NASA истакнале дека се уште работат на пронаоѓање на одговори, кои би можеле да ги дознаеме во скоро време.

Meanwhile, back on Mars… I’m checking out these stick-like figures. Each is about a quarter-inch long. Maybe they're…

Posted by NASA’s Curiosity Mars Rover on Mittwoch, 3. Januar 2018

NASA неодамна откри и дека количината на метан на Марс се менува во зависност од годишните времиња, што отвори бројни дебати околу биолошкото и небиолошкото потекло на овој гас.

Новото откритие, Американската вселенска агенција го претстави во декември 2017 година, на состанок со Американската геофизичка унија во Њу Орлеанс во Луизијана.

„Она што е навистина шокантно е тоа што е во прашање многу голема варијација. Се обидуваме да откриеме што би можело да создава толку драстични промени“, изјави Крис Вебстер од Лабораторијата на NASA во Калифорнија.

Извор: B92