Американскиот портал Renewable Energy World известува за пуштањето во погон на првата геотермална електрична централа наменета за покривање на потребите од електрична енергија на Лос Анџелес. Како што се истакнува, се работи за централата Tungsten Mountain која се наоѓа во Невада и има инсталирана моќност од 24 MW. Таа е само прва во низата такви постројки чија изградба е планирана во иднина со цел задоволување на растечките потреби од енергија на овој мегалополис во Јужна Калифорнија. Електричната централа ја изградила и со истата оперира компанијата Ormat.
Поврзани артикли