Најновите технологии, потребата за анализа и собирањето милиони информации за кратко време го менуваат начинот на живот не само во големите милионски градови туку и во малите локални заедници. Една одалечена планинска област во југозападна Кина со 150.000 жители станува информатички big data центар.

Во провинцијата Гуижу во округот Лешан и самото одење на учичиште до неодамна беше проблем. Децата чекаат долго да дојдат училишните автобуси или одеа пеш до школо. Сега на своите паметни телефони имаат апликации кои им кажуваат точно кога ќе стигне автобусот, а можат да го следат и неговото движење. Сето тоа е благодарение на Луо Јанг, некогашен жител на селото.

„Се вратив во местото каде што сум роден за да се посветам на развојот на овој сектор во олку мало место откако неколку години работев како адвокат. Имам големи очекувања од својот проект Village tour и се надевам дека ќе им помогне на луѓето и ќе им го олесни животот“, вели Луо Јанг, директор на Guižu Z-tone Global Information Technology.

Идејата на Луо и се допаднала на локалната власт, па било одлучено селото и други селски области да се вклучат во проектот. На тој начин со помош на технологија ќе се развива малата селска заедница. Во провинцијата е отворен и информатички центар за собирање податоци – big data centar.

 „Традиционалните индустрии не се погодни за нашиот округ. Не сакаме да се придржуваме само до старите изуми, кои веќе се надминати. Одлучивме да се развиваме со помош на податоци“, велат од локалната власт.

Податоците од информатичкиот центар во оддалечената кинеска провинција сега ги користат централната и локални власти, претставници на бизниси. Се очекува во центарот да најдат работа ИТ кадрите кои се школуваат во образовниот центар во покраината Гуижу.

ИТ инженерите таму ќе работат на најмалку 600 нови ИТ решенија годишно. Најуспешните можеби ќе бидат и основачи на идните технолошки гиганти од рангот на Alibabа и Google.

Извор: N1info