Хакерските напади се менуваат и се подобруваат со голема брзина, што доведува ситуација во која и најдобрите сајбер-безбедносни експерти не можат да ги следат. Трендовите на хакерски напади од 2017 година, според познавачите на приликите, веројатно ќе продолжат и во новата 2018 година, а според најавите, хакерите во прв план ќе ги имаат криптовалутите и банкоматите.
Сryptocurrency трендот ќе продолжи и во 2018 година и тука се очекуваат најголемите хакерски упади. Статистиката, пак, вели дека ништо по неризични нема да бидат и банкоматите. Во текот на целата 2017 година финансиските компании биле меѓу петте најнапаѓани организации од сајбер-криминалците. Во 2017-тата, измамниците научија да ги контролираат банкоматите и далечински преку локална мрежа на банки. Во 2018 година се предвидува пораст на ваквите напади на банкоматите.
Денес хакерите за неколку илјади долари можат да купат комплетен сет на алатки на црниот пазар, кои потоа можат да ги насочат кон хакирање на еден избран банкомат.