Некои работи очигледно никогаш не се менуваат. Особено кога станува збор за Apple. Нивните производи се прескапи. Иако се одлични уреди, ценовно се преценти, но тоа на пазарот нема никакво негативно влијание. Колку и да се скапи, одлично се продаваат, особено паметниот телефон iPhone. Рекордна година за Apple беше 2015, кога продадоа 230 милиони примероци од својот смартфон, но иако немаше шпекулации за минатата година, испадна дека е неверојатно добра.
Според информациите на USA TODAY, без оглед на тоа што завршните анализи за минатата година не се целосно готови, најпродаваниот технолошки уред за 2017 година е токму iPhone. Притоа, резултатите се повеќе од импресивни затоа што заедно од сите модели Apple минатата година продал вкупно 223 милиони уреди, што е повеќе од рекордната 2015 година. Треба да се напомене и дека да не беше ограничена продажбата на најочекуваниот уред за минатата година iPhone X, резултатите ќе беа уште подобри.
Како што пренесува Zimo, Apple има продадено повеќе примероци iPhone отколку сите останати уреди заедно на листата со 5 најрподавани технолошки уреди. Уште еден нивни производ е на листата со петте најпродавани технолошки уреди за минатата година – Apple Watch е продаден во 20 милиони примероци и е на 4 место. На второ место е Samsung Galaxy S8 и Note 8 со продадени 33 милиони примероци, на трето место е Amazon Echo Dot со 24 милиони примероци и на петто место е Nintendo Switch со продадени 15 милиони примероци во 2017 година.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли