FaceApp стана популарна апликација, која им дозволува на корисниците да видат како ќе изгледаат во староста. Но доколку сакате да ја користите таа апликација, тогаш ќе мора да и дозволите пристап до вашите лични податоци.

„Ако ја избришете програмата, тоа значи дека веќе не можете да ја користи, но тоа не значи и дека сте ги заштитиле вашите приватни информации“, рекол директорот на Центарот за приватност на корисниците на Универзитетот во Стенфорд, Џен Кинг.

Кинг додаде дека компанијата не знае дека вие сте ја избришале апликацијата и затоа таа не е должна да ги избрише вашите податоци.