Како изгледа слетување на „Боинг 777″ на аеродромот во Њујорк?

Аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк е најфреквентниот аеродром за интернационални летови во Северна Америка, како еден од 16. најголеми аеродроми во светот.

Минатата година низ „ЏФК“ поминале дури 59 милиони патници, а се очекува и голем метеж на небото над Големото Јаболко за време на празниците.

Затоа, вистински фасцинира видеото во ултрависока резолуција снимено од High Pressure Aviation Films, од кабината на „Боинг 777 при слетувањето на аеродромот во доцните ноќни часови.

Видеото е долго седум минути и ја прикажува целата процедура на слетување со инструкции во потписот, вклучувајќи ги и сите проверки и комуникацијата со контролата за летање, како и летот над градот пред слетувањето на пистата, која е оддалечена само 20 километри од градот.