Google ќе троши 100 проценти обновлива енергија

Google ја достигна целта да работи на 100% обновлива енергија до крајот на годината. Тоа на компанијата и успеа затоа што склучи договори со три електрани за производство на енергија од ветар. Така оперативниот капацитет на Google се зголеми на 3 гигават-часови, информира GreenMatters.

Останатите потребни 553 мегават-часови енергија доаѓаат од две фарми на ветар во Јужна Дакота со капацитет од 98 мегават-часови, 200 магават-часови доаѓаат од фарма на ветар од Ајова и 138 мегавати од електрана од Оклахома. Во инфраструктурата за обновлива енергија на Google се инвестирани 3,5 милијарди долари. Најголем дел од инвестициите се во соларна енергија и енергија од ветар, затоа што нивната цена драстично падна за 60% до 80%.

Со овие инвестиции се обезбедува континуитет на производството и услугите на Google и истовремено се елиминира потребата од фосилни горива. Новата чиста енергија ќе биде доволна за компанијата да работи на 100% обновлива енергија годинава. Google минатиот декември си ја зададе амбициозната цел, кга веќе имаше купено 20 различни извори на енергија од целиот свет. Денес 2/3 од капацитетите за обновлива енергија што ги поседува се во САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 5 =