Русија планира да изгради хотел со пет ѕвездички на Меѓународната вселенската станица. “Луксузниот орбитален пакет” ќе вклучува четири индивидуални кабини по два кубни метри, со лични светилки кои ќе им овозможат на туристите да ја гледаат Земјата одозгора.
Но, престојот нема да биде евтин. Туристите ќе мора да платат 40 милиони долари по лице за двонеделна посета. Едномесечната посета ќе чини уште 20 милиони долари плус.
Луксузниот вселенски хотел ќе вклучува станбена површина со 16-инчен прозорец и две “хигиенски и медицински” станици. Ќе има опрема за вежбање, па дури и Wi-Fi. Во прилог на уживањето на 350 километри од Земјата, туристите ќе можат да учествуваат во вселенски патувања.
Поврзани артикли