Во последните две децении, Apple освои неколку големи пазари, од музичкиот пазар до, се разбира, пазарот за мобилни телефони и останати паметни уреди. Затоа сите планови на „јаболкото“ многу внимателно се следат во светот на технологијата.

Според некои „инсајдери“ во компанијата, Apple треба да се фокусира на два нови пазари во иднина – светот на AR/VR технологијата, но и пазарот на автомобили. Според неофицијални информации, Apple досега преговарал со компании како Hyundai, Kia и Nissan, но нема цврст договор.

Во следните неколку години, треба да знаеме повеќе за наводните планови на Apple за влез на пазарот за автомобили, но тоа не значи дека конкуренцијата што веќе постои таму не е запознаена со гласините кои кружат, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Така, финансискиот директор на BMW, Николас Питер, одговори на прашањето на новинарите што мисли за новите потфати кои ги подготвува Apple.

„Спијам прилично мирно. Конкуренцијата е голема работа, бидејќи ги мотивира и другите компании, но ние сме во одлична ситуација и сакаме да останеме на лидерската позиција во индустријата“, рече Питер.

Секако, постои голема разлика помеѓу технолошката и автомобилската индустрија, но треба да го имаме предвид начинот на кој Apple пристапува на сè што ќе се „фати“. Досега ретко кој потфат им пропаднал , а со оглед на тоа што не брзаат со ова, се чини дека сакаат да пристапат многу студиозно.

Извор: B92.net