По што може да препознаете дека Вашиот смартфон го прислушкуваат? Има неколку знаци за тоа, кои и не мора ништо да значат, но може да укажат дека Вашите разговори ги слушаат повеќе луѓе отколку што би требало…
1. Кога батеријата на телефонот е загреана и кога тој е исклучен – тоа укажува дека некоја програма е се уште активна.
2. Смартфонот бргу се празни… Наглото празнење на батеријата е поврзано со додатното трошење на енергијата на уредот, за коешто ние не знаеме, и што веројатно значи – присуство на вирус.
3. За полнењето на телефонот и за вклучувањето и исклучувањето е потребно повеќе време од вообичаено.
4. Светкање или трепкање на екранот при вклучување и гасење на уредот – тоа може да значи присуство на шпионска програма. Но, исто така може да укажува и дека телефонот е расипан.
5. Какви било необични звукови за време на телефонира (најчесто пулсирачко потчукнување).
И, бидејќи горенаведените признаци се неспецифични, тие сами по себе не може да бидат сигурен знак дека ве прислушуваат. Гледајте на нив како на целина, и внимавајте на кого му го давате телефонот.
Поврзани артикли