Откако на почетокот на годинава најави производство на електрични камиони, директорот и основач на компанијата Tesla, Елон Маск, денеска потврди дека од идната година ќе почне да произведува и електричен пикап. На Twitter, Маск напиша дека дизајнот на електричниот пикап „го има во главата веќе 5 години“.

Маск вети и дека Tesla ќе почне да го произведува електричниот пикап веднаш по производството на електричните камиони и на новиот модел спортски автомобил Tesla Roadster. Може да се очекува дека првите електрични пикапи ќе ги видиме во 2019 година.

Во уште една објава на Twitter, Маск откри повеќе детали за пикапот. Возилото го опиша како слично на моделот F-150 на Ford. Тој рече дека можеби ќе биде малку поголем со оглед на неколкуте елементи кои планира да ги додаде. Texas е можна локација за втората фабрика за автомобили на Teslа во која компанијата ќе ги склопува и електричните пикап возила. Цената на пикапот на Teslа уште не е позната.

Извор: Klix.ba