Откако на почетокот на годинава најави производство на електрични камиони, директорот и основач на компанијата Tesla, Елон Маск, денеска потврди дека од идната година ќе почне да произведува и електричен пикап. На Twitter, Маск напиша дека дизајнот на електричниот пикап „го има во главата веќе 5 години“.
I promise that we will make a pickup truck right after Model Y. Have had the core design/engineering elements in my mind for almost 5 years. Am dying to build it.
— Elon Musk (@elonmusk) December 26, 2017
Маск вети и дека Tesla ќе почне да го произведува електричниот пикап веднаш по производството на електричните камиони и на новиот модел спортски автомобил Tesla Roadster. Може да се очекува дека првите електрични пикапи ќе ги видиме во 2019 година.
Similar total size. Maybe slightly bigger to account for a really gamechanging (I think) feature I’d like to add.
— Elon Musk (@elonmusk) December 26, 2017
Во уште една објава на Twitter, Маск откри повеќе детали за пикапот. Возилото го опиша како слично на моделот F-150 на Ford. Тој рече дека можеби ќе биде малку поголем со оглед на неколкуте елементи кои планира да ги додаде. Texas е можна локација за втората фабрика за автомобили на Teslа во која компанијата ќе ги склопува и електричните пикап возила. Цената на пикапот на Teslа уште не е позната.
Извор: Klix.ba