„Можеш ли да го исклучиш телевизорот?“, „Што има за вечера?“ и „Доаѓаш во кревет?“ се некои од најчестите пораки
Просечен Британец поради мрзеливост или избегнување на конфликтни ситуации испраќа околу 10.000 СМС пораки годишно на членови на семејството што седат во друга соба, покажа истражувањето на компанијата „Broadbandchoices“.
„Можеш ли да го исклучиш телевизорот?“, „Што има за вечера?“ и „Доаѓаш во кревет?“ се некои од најчестите пораки што ги испраќаат, покажа анкетата која во декември е извршена на две илјади британски семејства.
Најодговорни за ваквите пораки се мајките кои секој ден испраќаат барање како „Исклучи го светлото“ или наредуваат „Оди на спиење“.
Овој феномен се толкува како мрзеливост или потреба за разговор за чувствителни теми. Меѓу трите такви пораки се романтичната „Те сакам“, прагматичната „Ручекот е готов“ и типично британската „Ќе ми донесеш ли шолја чај?“.
Поврзани артикли