Астрономите од парискиот Институт за геофизика велат дека докажале дека хипотезата за потеклото на Месечината, според кој таа е формирана како резултат на судир на Земјата со една планета со големина на Марс, не е точна. Тие тврдат дека одговорот лежи во тоа што минералната структура а сателитот на Земјата не може да ја потврди актуелно прифатената хипотеза за потеклото на Месечината.
Компјутерските експерименти на можниот судир од кој настанала Месечината, се во спротивност со претходните тврдења. Имено, астрономите од парискиот институт велат дека планетата со која Земјата се судрила и од која настанала Месечината морала да биде многу помала од нашата планета.
Истражувачите спровеле повеќе од две милијарди симулации на судир на Земјата со претпоставената планета. Тие откриле дека ако масата на планетата со која Земјата била во директен судир е повеќе од 15 проценти од масата на нашата планета, обвивката на Земјата треба да содржи повеќе никел и кобалт, Но тоа во реалноста не е така.
Новата хипотеза го објаснува потеклото на аномалиите во минералниот состав на античките карпи, а со тоа ја побива актуелно прифатената хипотеза за настанокот на Месечината.