Германскиот автомобилски гигант си постави цел до крајот на 2019 година да има двојно поголемо производство и продажба на електрични и хибридни автомобили. Компанијата ќе се обиде да ја достигне бројката од половина милион продадени автомобили. Харалд Кругер, директор на BMW, проценува дека во 2018 година продажбата на електрични автомобили ќе порасне за двоцифрен процент.
Планот им е да продадат 100.000 целосно електрични автомобили во 2018 година, а тоа веројатно ќе им успее затоа пто побарувачката на запад во Европа и во САД е се поголема поради моделите i3 и хибридот 2 Series Active Tourer. Досега сегментот за електрични автомобили во BMW не беше најефикасен поради малата продажба, а токму затоа и се откажаа од електрификација на сите модели.
Извор: Vidi.hr