Компанијата Tesla соопшти дека сите нови продадени возила кои ќе бидат користени во комерцијални цели нема да можат да ја користат мрежата на суперполначи.
Под комерцијални возила, Tesla подразбира такси возила, автомобили за достава, транспорт, размена во форма на превоз итн.
Tesla ја воведе мрежата на суперполначи пред сѐ за да овозможи подолги патувања, но сопствениците на електричните возила започнале да ги користат и за други намени, па дури и во прилики за пократки патувања.
Пред неколку месеци, на најголемата такси компанија во Дубаи ѝ беа испорачани 50 автомобили модел S и X што се користат во рамки на аеродромскиот возен парк.
Исто така, голем број Tesla возила поседуваат и такси компании во Холандија, а сите тие ќе бидат принудени да побараат алтернативно решение за полнење на нивните автомобили.
Извор: B92.net