Вештачката интелигенција толку напредуваше, што дури и роботите можат да избираат со што ќе се занимаваат во животот.
Имено, клубот „Карлови Лазне Мјузик Клаб“ во Прага „вработи“ робот, кој претходно „дал отказ“ во автомобилската индустрија, за да стане ди-џеј.
– Луѓето се возбудени, затоа што никогаш не виделе нешто слично во Европа, а ни во светот, претпоставувам, изјави менаџерот на клубот, Адам Липсански.
Роботот со две големи раце-клешти, е целосно рамноправен со своите човечки колеги, а и работи на смени. Има посебен софтвер кој му помага во изборот на песни, при што многу ретко има поплаки.
Понекогаш, машината знае и да „се опушти“ и да заигра, ако и се погоди ритамот.