Големите археолошки откритија во Египет продолжуваат, а овие денови откриен е и дел од дрвена скулптура кој, веројатно, ја претставува статуата на кралицата Анкесенпепи Втора.

Скулптурата е стара повеќе од 4.000 години, а откриено е дека станува збор за скулптурата на мајката на кралот Пепи Втори, кој на престолот дошол на само шест години.

Пронајдена е во близина на пирамидата во Гиза.

Водичот на истражувањеата професорот Дилип Коломберт, изјави дека главата била пронајдена источно од пирамидата на кралицата.

Главата била направена во природна величина, но со нешто поиздолжен врат (30 сантиметри).

Анкесенпепи била жена на кралот Пепи Први во шестата династија, а после неговата смрт се омажила за синот кој го имал со нејзината сестра. Откако тој починал, таа го наследила престолот.

Бидејќи нејзиниот син бил премлад, кралицата владеела со земјата до неговото полнолетство.

Научниците се надеваат дека ќе го пронајдат местото каде била погребана кралицата и сметаат дека тоа подрачје крие многу тајни.

Според мислењето на експертите, Анкесенпепи била важна кралица.

Во прилог на тоа влегува и фактот дека нејзината пирамида била многу голема и дека во неа по прв пат биле пронајдени текстови посветени на кралица.

Научниците на самиот врв откриле трагови од метал, што укажува на тоа дека најверојатно се наоѓале делови од бронза или злато кои ја украсувале пирамидата за да сјае на сонце.

Главата на скулптурата е во лоша состојба, па ќе мора да се реставрира.

Извор: B92.net