Toyota најави десет модели на електрични автомобили

Јапонската компанија Toyota соопшти дека ќе понуди повеќе од десет модели на електрични автомобили на почетокот на следната деценија.

Toyota е светски лидер по производство на модели со хибриден погон, со комбинација на електромотори и мотори со внатрешно согорување, но во понудата сè уште нема автомобили само на електричен погон.

Потпретседателот на Toyota, Шигеки Тераши, рече дека компанијата најпрво ќе ги понуди електричните автомобили во Кина, која со субвенции и други мерки го стимулира нивното користење, а потоа ќе ги продава во Јапонија, Индија, САД и Европа.

Компанијата навела дека до 2025 година секој модел на Toyota ќе има и хибридна и електроверзија. „Тојота“ продава по десет милиони возила годишно ширум светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 18 =