Ако штекерите ви се секогаш зафатени, а притоа поседувате Apple уреди, тогаш решението на вашите проблеми се вика PowerTime Apple Watch Charging Dock.

Dock PowerTime може безжично да го полни вашиот Apple Watch, но поседува и три УСБ портови со кои можете да полните уште три уреди.

За разлика од многуте уреди за брзо полнење, овој користи паметна технологија за сигурно полнење на електронските уреди без притоа да ја оштети нивната батерија.

Површината на оваа направа е направена од силиконска база, така што тоа ја прави отпорна на гребење, што значи дека не мора ни да бидете особено внимателни.

Цената на овој уред изнесува 49 долари, но може да се најде и на некоја новогодишна акција за 34,99 долари.

Извор: Klix.ba