Железничката компанија Byron Bay Railroad Company трансформираше стар воз кој веќе не се користеше во првиот соларен воз во светот. Реставрираните вагони на покривите сега имаат флексибилни соларни панели и ќе патува од една до друга соларна станица. Возот троши 100% соларна енергија. Непрофитната компанија преработи и 3 километри железнички пруги и мост меѓу градот Бајрон Беј, каде што е седиштето на компанијата и ресортот Elements of Byron Bay. Во Бајрон Беј е инсталиран и батериски систем од 30kW и станица за полнење.

TreeHugger пишува дека соларниот воз на покривот ќе има флексибилни соларни панели со капацитет од 6,5kW и може да пренесе до 100 патници. Соларните панели произведуваат доволно енергија за батеријата од 77kWh. Според RenewEconomy, батеријата има ист капацитет како батеријата на Tesla Model S, но на соларниот воз му се потребни само 4kWh за секое патување, па со едно полнење возот може да помине од 12 до 15 патувања.

Оригиналниот план беше возот да вози на дизел, но по отпорот од заедницата компанијата почна да ја истражува опцијата да користи електрична енергија во комбинација со станици за соларно полнење. Возот почна да вози на 16 декември.

Извор: Иновативност