Претходните месеци имавме многу информации и вести за претстојниот телефон на преклопување на Samsung, кој би требало да биде претставен во текот на наредната. Во моментов нема точни информации кога овој Galaxy X модел би можел да пристигне, но сега се појавуваат информации дека Microsoft подготвува сопствен Windows-подвижен телефон-таблет хибрид, кој потсетува на моделот „Courier“, откажан пред неколку години.
Се појавија концептни фотограии кои прикажуваат како би можел да изгледа овој уред на Microsoft. Не е познато дали и кога уредот ќе дебитира и дали ќе се нарекува Surface Phone, но со сигурност е дека моделот е од Surface линијата на производи.
Од фотографијата се гледа дека Microsoft игра со идеата уредот да има два дисплеи, а еден од екраните би можел да биде претворен во виртуелна тастатура. Системот со шарки овозможува држење на уредот во различни позиции.
Сепак од сликите не може да се заклучи колку ќе биде голем уредо или колкави рамки околу екрано ќе има. Исто така, фотографиите не ја откриваат ситуацијата дека станува збор за флексибилен уред, туку дека е модел кој се преклопува и кој се базира на шарки.