Компанијата Samsung одлучи да не го чека Consumer Electronics Show во јануари и неодамна претстави три нови лаптопи со подобри батерии.
Првиот е Samsung Notebook 9 Pen, кој воедно е и најинтересен. Станува збор за 13.3-инчен „2in1 notebook“ кој има интегриран S Pen, исто како и Notebook 9 Pro претставен во мај.
Samsung го подобри Notebook 9 Pen, кој сега ја има осмата генерација на процесорот Intel Core i7, 16 GB RAM, 512 GB SSD меморија и екрано со резолуција од 1.920×1.080 пиксели.
Исто како и Yoga таблетот на Lenovo, Samsung Notebook 9 Pen ќе може да се прилагодува на различни начини, со цел да се користи како таблет, за да се постави така и да биде погоден за цртање.
Samsung додаде и HDMI порт, еден USB-C порт и стандарден USB порт. Тука е и microSD слотот, како и Windows Hello камерата за логирање во Windows 10 за препознавње на лицето на корисникот.
Компанијата ги освежи и своите стандарни Notebook 9 модели со 13.3-инчни и 15-инчни екрани. Двата доаѓаат со осум јадрени Core i7 процесори, дo 16 GB RAM и до 1 TB SSD меморија. Моделот со 15-инчен екран ќе има изборна Nvidia MX150 графичка картичка, но и двата екрани имаат резолуција од 1.920×1.080 пиксели.
Samsung двата модели ги опреми со два USB 3.0 порта, HDMI порт, microSD слот и USB-C порт. Моделот од 15-инчни ќе поддржува Thunderbolt 3, a тука е и дополнителниот USB 2.0 порт на поголемиот модел.
Уредите ќе се напојувааат со „најголемите и најмоќни“ батери кои досега биле вградени во лаптоп. Станува збор за 75W „Hexacell“ батерија која поддржува брзо полнење.
Лаптопите ќе бидат изложени на CES во јануари, по што ќе започне и продажбата, но засега не се познати цените на овие три уреди.
Извор: B92.net