Мобилната индустрија брзо се менува кон уредите кои немаат рамки и екраните го покриваат речиси целиот преден дел на телефонот, па логично е да се постави сензорот за отисоци на прсти под самиот екран.

Пред Apple да го претстави новиот iPhone X, се појавија гласини дека оваа компанија развива сензор за отпечатоци на прсти кој ќе биде вграден во екранот и ќе го замени копчето Home. Сепак, Apple не успеа или не се обиде да имплементира такво решение, затоа што ја претстави Face ID технологијата за која што од компанијата тврдат дека е далеку побезбедно решение од користењето на сензорот за отпечатоци на прсти.

Исто така, кога станува збор за Samsung, со оглед на тоа што кај новиот Galaxy S8 е исфрлено Home копчето и проширен е екранот, се претпоставуваше дека новиот телефон на јужнокорејската компанија ќе пристигне со таков сензор интегриран во екранот, но ниту тоа не се случи, па Samsung одлучи да го премести сензорот на задниот дел од телефонот.

Тоа што не успеаа да го направат Apple и Samsung, се чини дека им успеа на Synaptics, компанија од каде што најавија стартување на масовното производство на Clear ID оптички сензор за отпечатоци на прсти кој ќе биде интегриран во самиот екран. Од таму соопштија дека соработуваат со 5 големи компании, но не открија која компанија ќе го имплементира наскоро нивното решение.

Со оглед на тоа што 5-те најголеми компании за производство на паметни телефони се Apple, Samsung, Huawei, Oppo и Vivo, а Apple се префрли на Face ID технологијата, јасно е дека меѓу првите компании кои што ќе ја користат оваа технологија ќе биде Samsung.

Clear ID технологијата ќе работи како досегашните сензори за отпечатоци на прсти, само што разликата е во тоа што сензорот ќе може да биде поставен под самиот екран. Како оваа технологија функционира ќе можеме да видиме веќе во јануари на најголемиот саем за потрошувачка електроника CES.

Од Synaptics најавија дека ќе демонстрираат како Clear ID технологијата функционира на сопствен телефон направен исклучиво за таа цел, па се надеваме деа веќе идната година оваа технологија ќе се најде и на останатите телефони.

Извор: Zimo.hr