Јапонската компанија “GMO Internet Group” соопшти дека од март 2018 година ќе им понуди на вработените исплата на дел од платата во биткоини.
Како што велат од компанијата, на 4000 вработени ќе им се понуди дел од платата, поточно 100.000 јени(870 долари) да им бидат исплатени во биткоини.
Исто така беше најавено дека исплатата со овој метод ќе се прилагоди на законите во земјата.
Биткоинот достигна вредност од 19.000 долари пред неколку дена.