Во престижниот научен магазин Nature објавена е вест за откривањето на најоддалечениот објект во вселената. Станува збор за квазар под кодно име ULAS J134208.10+092838.61.

Квазарот во своето средиште има супермасивна црна дупка, оддалечена дури 13.1 милијарди светлосни години и е милијарда пати поголема од нашето сонце.

Во однос на тоа дека супермасивната црна дупка се наоѓа на 13.1 милијарди светлосни години оддалеченост од Земјата, тоа значи дека светлината што ја гледаме денеска е емитувана пред повеќе од 13 милијарди години.

Знаењата со кои досега располагаме околу настанувањето на супермасивните црни дупки не се доволни за да разбереме како тој квазар настанал.

Извор: cudaprirode.com