Сите сакаат да споделуваат фотографии, да се фалат кои места ги посетиле, а токму тоа е и поентата на Jealousy (љубомора), новата социјална мрежа која стартуваше од Хрватска. Тројцата иноватори Иво Леко, Иван Јукиќ и Анте Браовиќ стојат зад проектот стар неколку месеци, а велат дека целта на нивната мрежа е корисниците деа се пофалат со своите фотографии и да предизвикаат љубомора кај другите
Како што објаснуваат, идејата им е да создадат мрежа од корисници без класични профили и лажни пријатели. Корисниците на објавите можат да реагираат со „jel“ или „jel off“, односно со позитивна или негативна реакција, а притоа никој не знае каква реакција сте му дале некому. Бидејќи сте анонимни, можете да бидете целосно искрени, информира 24sata.hr.
Со негативните реакции на корисникот ќе му покажете дека ја промашил приказната, а со позитивните рекаици ќе се скрати времето меѓу објави. Авторите на мрежата замислиле корисниците да бидат ограничени на времето меѓу објави на 5 дена, што може да се скрати со позитивни реакции. Логично, некој би помислил и дека со поголем број фанови корисниците ќе дојдат до пократко време меѓу објави, но алгоритамот во позадина води сметка за бројот на следбеници и прегледи, па на тој начин се проценува популарноста.
Тие кои максимално ќе го скратат времето на објавување ќе станат „големи фаци“ (Big Shots). На мрежата го има и Hype Flow, односно приказн на објавите со најголема популарност и коментарии. Засега уште се фокусирани на полирање на сите можности и по Нова година планираат да почнат со силна промоција на Jealousy и со привлекување корисници, кои сега се околу 10.000.
Извор: 24sata.hr