По 37 години мирување во вселената, повторно се вклучени четирите потиснувачи на сондата Војаџер 1, најдалечниот објект од Земјата што човекот го создал, соопштија од НАСА.

Благодарение на овој подвиг, „Војаџер 1 ќе го продолжи животот за две до три години”, изјавила Сузан Дод, менаџер на проектот на НАСА.

Со помош на овие потиснувачи, Војаџер 1 ќе се сврти во насока кон Земјата со цел неговите антени да можат да комуницираат со нашата планета.

 Ја промени историјата на астрономијата

Сондата Војаџер 1, која од своето лансирање пред 40 години ја промени историјата на астрономијата, патува низ меѓуѕвездениот простор со брзина од речиси 17 километри во секунда и моментално е оддалечена повеќе од 21 милијарди километри од Земјата.

Повторно вклучување на потиснувачите на таа оддалеченост би бил голем предизвик. Со цел да го остварат тоа, експертите на НАСА морале да ги “проучат компјутерските програми кодирани во јазикот кој повеќе не е во употреба”, изјавил главниот инженер Крис Џонс.

 Научниците чекале 19 часа и 35 минути со цел резултатот од нивните истражувања да прејде голема оддалеченост помеѓу сондата и нашата планета, по што во средата заклучиле дека нивната задача е успешна.

Војаџер 2

Од јануари, овие четири потиснувачи ќе работат како замена за потиснувачите кои инженерите утврдиле дека од 2014 година ја губат функцијата.

Со оглед на успехот на проектот Војаџер 1, НАСА планира да спроведе слично испитување на Војаџер 2, сестринската сонда чии потисници се сепак во подобра состојба.

Извор: Telegraf.rs