Луѓето со дијабетес треба почесто да го тестираат слухот. За жал, поради промена на нивото на гликозата во крвта, се оштетуваат и нервите во ушите, што доведува до можно губење на слухот.

Без оглед на други фактори, како што се возраста, изложеноста на бучава или генетските предиспозиции, кои предизвикуваат губење на слухот, постои несомнена врска помеѓу дијабетесот и глувоста.

Од „Бонтех“ советуваат дека ако луѓето со дијабетес покажуваат чувствителност на бучава, лекарите, семејството и пријателите треба да обрнат посебно внимание на тоа бидејќи дијабетесот го оштетува слухот.

Како и секогаш, раната дијагноза на проблемите со слухот е клучен фактор во спречувањето на големи и трајни оштетувања. Досега, односот помеѓу дијабетесот и губењето на слух често се игнорира.

Сепак, важно е да се обрне внимание на раните симптоми со цел да се реагира навреме во двата случаја. Поради нестабилното ниво на гликоза во крвта, луѓето со дијабетес имаат поголем ризик од пад, а губењето на слухот може да предизвика социјална изолација.