Паметниот телефон „Alpha-one“ е во производство на компанијата „Ламборџини“ а неговата цена изнесува вртоглави 2.500 долари.
Премиум уредот е направен само за одреден број луѓе (кои може да си го дозволaт) и секако претставува квалитетно парче технологија.
Изработен е од метал и кожа така што на прв поглед изгледа гламурозно, а кога станува збор за конфигурацијата и тука се пратат најновите трендови. Всушност, „Alpha-one“ не се разликува премногу од неговата конкуренција -располага со AMOLED дисплеј од 5,5 инчи, 4GB RAM, 64GB меморија, камера од 20 MP и батерија од 3250mAh.
Се отклучува со отпечатоците од прстите на сопственикот и доаѓа со оперативен систем Android, односно најновата верзија – 8.0 Oreo.
Инаку, најновата верзија на „ајфон“, моделот „X“, во својата најевтина изведба чини 999 долари.