Предметите од Мурано стакло отсекогаш биле синоним за деликатна елеганција, но кога во нив ќе вмешаат прсти и познати дизајнери и компании, тогаш мијалникот станува уметничко дело.
Ги претставуваме убавите колекции на мијалници на италјанската компанија “Glass Design”.
Елегантна колекција Arte
Со комбинирање на иновативни техники и традиционален начин на изработка создадена е колексијата Arte, на која и припаѓаат Модел 1 и Модел 2.
Колекцијата Модел 1 е рачно направена од проѕирно или опал црно мурано стакло со златни нијанси.
Колекцијата Модел 2 има два модела исто така рачно изработени од транспарентно стакло. Од надвор мијалниците се украсени со неправилни волумени чии бои се преливаат од црна до тиркизно плава и од црвена до златна.
Модерни колекции Vento и Marea
Дизајнирани се од познатиот дизајнер со египетско птоекло, Karim Rashid. Тој е препознатлив по своите иновативни и апстрактни дезени кои оставаат впечаток како да се движат по површината. Како резултат на соработката на Rashid со италијанските специјалисти создаден е нов вид украси на моделите Vento и Marea, луксузни особено поради уптреба на вистинско злато на декорациите.
Сјајни мијалници Lumiere i Isola Small
Studio Arius за компанијата Glass Design дизајнираше софистицирано парче на мебел за купатило со кристален мијалник Lumiere. Црната лакирана комода од дрво, опремена е со систем на расвета кја го осветлува мијалникот од дувано стакло и ја потенцира неговата рачно изработена дијамантска шара.
Isola Small
LED осветлувањето го осветлува импресивниот мијалник Isola Small на дизајнерот Alessandrо Lenard, направен од дувано Мурано стакло, кој станува уште еден светлосен извор и впечатлив елемент во било кое купатило.