Неуништлив смартфон произведен според воени стандарди

Кинескиот производител на мобилни телефони од марката Vernee, најави лансирање на нов паметен телефон под името Active. Ова е првиот ваков уред на компанијата, затоа што е најавен како смартфон отпорен на вода, па дури и физички влијанија.

Инаку, според она што досега се појави како информација за овој нов модел на Vernee, Active ќе биде тенок без гумени инсерти својствени за таквите гаџети. Основата на овој телефон ќе биде процесорот Helio P25.

Од компанијата потврдија дека Vernee Active ќе биде заштитен со IP68 стандард. Тоа значи дека смартфонот ќе може долго време да остане во вода на длабочина од околу еден метар и да нема никакви влијанија врз неговото нормално функционирање. Исто така, според производителот, овој мобилен телефон ќе биде исклучително добро заштитен и од тресење, паѓање, па дури и екстремни физички влијанија и ниски или високи температури. Тоа е овозможено преку имплементацијата на воениот стандард MIL-STD-910G.

 

 

 

 

 

 

 

 

Vernee Active ќе има 5,5-инчен екран со резолуција од 1920×1080 пиксели и нема да има воздушен слој под стаклото. 8-јадрениот процесор Helio P25 со 6 GB RAM меморија ќе биде силата на овој модел, кој ќе има 128 GB достапен простор за складирање на податоци. Вградената батерија ќе биде од 4,200 mAh и ќе работи со брзо полнење.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 16 =