SpaceX во 2018 година планира да изврши 40 ракетни лансирања

Американската компанија SpaceX планира да го зголеми бројот на ракетни лансирања за 50 отсто во текот на следната година. Ова беше објавено во средата од страна на претседателот на компанијата, Гин Шуувел.

Како што информира специјализираниот информативен портал „Space News“, оваа година компанијата остварила 16 обиди, а до крајот на годината планира да изврши уште три или четири лансирања.

„Во текот на следната година ќе го зголемиме темпото на лансирања за 50 отсто. Ќе летаме повеќе наредната година во споредба со претходната. Ако имаме среќа, мислам дека ќе можеме да стигнеме до 30-40 лансирања годишно“, изјави Шотуел.

Таа, исто така, изрази надеж дека најновата модификација на ракетите „Фалкон 9 – блок 5“ ќе полета уште во почетокот на 2018 година. Според податоците, новата ракета ќе располага со 8 отсто повеќе потисна моќ од претходниот модел „Блок 4“ и ќе може да се користи најмалку 10 пати.

Колку за потсетување, и оваа 2017 година не беше неуспешна за компанијата, која е основана од Илон Маск. Иако во септември една од ракетите падна на испитниот полигон и имаше неколку задоцнети лансирања, SpaceX успеа да го заврши 12-месечниот период со најголем број реализирани ракетни тестирања. Покрај тоа, оваа година гигантот успешно го реализираше првиот лет на ракета користена во претходна мисија, на тој начин докажувајќи му на светот дека ракетите на оваа компанија се за повеќекратна употреба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 1 =