Роботи што имаат емоции се главни „ликови“ во новиот рекламен спот на компанијата за мобилна технологија и електронски уреди Samsung. Во спотот е прикажана галаксијата на Samsung, односно еден работен ден во компанијата додека се произведуваат мобилните телефони од генерацијата „Galaxy“.

Роботите, коишто имаат човечки карактеристики, помагаат во пренесувањето на компонентите за телефоните од еден производствен процес во друг, додека вработените ги составуваат компонентите и ги проверуваат пред финалната проверка.

Филмот ја раскажува приказната за Samsung и неговата континуирана посветеност на деталите, како и хармонијата што постои меѓу луѓето и напредната технологија, прикажувајќи ја филозофијата на Брендот, „Do What You Can’t“, (#DoWhatYouCant) односно „Направи го тоа што не можеш“.

Прикажаниот работен ден со емотивните роботи е всушност фантазија. Сепак, постои голема можност таа фантазија да стане реалност доколку се земе во предвид брзиот развој на вештачката интелигенција.

Новиот спот доаѓа во пресрет на промоцијата на новиот модел на Samsung од генерацијата „Галакси“. Тоа е моделот „Galaxy S9“, чијашто светска промоција ќе биде на 25 февруари во Барселона, во рамките на Светскиот конгрес за мобилна технологија.