Acer објави додаток на уште еден FreeSync монитор во својата линија. Predator XR343CKP има 34-инчен ултраширок и закривен IPS панел, со 3440 х 1440p резолуција.

Со оглед на тоа дека е во прашање IPS панел, додатокот на одзив од 1 ms е премиум спецификација. Мониторот има освежување до 100 Hz, a FreeSync технологијата обезбедува варијабилни стапки на освежување без цепење на екранот.

Панелот нуди типичен контраст 1000:1, релативно ниско 350 cd/m² типично осветлување, 172°/178° агли на гледање, покриеност од 1,07 милијарди бои во стандарден sRGB гамут на бои. Дисплеј конекторите вклучуваат HDMi, DisplayPort и 5x USB портови.

Acer Predator XR343CKP ќе се продава по цена од 1800 долари, иако некој малопродажни сајтови (како што е Amazon Germany) го нудат мониторот и по многу пореалистична цена од околу 900 евра.