Експертите генерално се согласуваат дека пред да можеме да сметаме дека вештачката интелигенција е навистина интелигентна, на ниво исто со човечкото осознавање, агентите на вештачката интелигенција мора да поминат голем број на тестови. И додека сета оваа работа е во тек, вештачката интелигенција почна да полага други видови тестови.
Ксиаоји, робот со вештачка интелигенција од Кина, неодамна го положи националниот тест за медицинска лиценца, со што стана првиот робот што го направил тоа. И не само што роботот го положил испитот, туку тој добил 456 поени, што е за 96 поени повисоко од потребната оценка.
Овој робот, развиен од водечката кинеска компанија „АјФлутек Ко“, е дизајниран да ги добие и анализира информациите за пациентот. Сега компанијата докажа дека роботот има доволно медицинско знаење за да биде и лекар.
Роботот е дел од притисокот на земјата за поголема интеграција на вештачката интелигенција во голем број индустрии, вклучувајќи го и здравството. Кина е веќе водечки кандидат на глобалната сцена кога станува збор за вештачката интелигенција, надминувајќи ја Америка, со крајни напори да стане водечка земја во развојот на вештачката интелигенција до 2030 година.
Едно од првите полиња во кои почнува да се применува вештачката интелигенција е медицинското истражување и здравствена заштита. Повеќето се запознаени со Ватсон на Ај-би-ем, што направи значаен напредок на дијагностицирањето рак со помош на вештачката интелигенција, како и во подобрувањето на грижата за пациентите во болниците.
Тука е Алекса, од „Амазон“, асистент што е присутен во областа на здравството веќе некое време. Слично на тоа, „Дипмајнд Хелт“, на „Гугл“ работи на користење машинско учење за дополнување на здравствените процеси во Велика Британија. На ист начин, „АјФлајтек“ со овој робот ќе се обиде да им помогне на докторите со цел да се подобри нивната ефикасност во идните третмани. „Ние официјално ќе го лансираме роботот во март 2018 година. Немаме замисла роботот да ги замени докторите. Наместо тоа, нашата цел е да се подобри соработката помеѓу луѓето и машините, со цел да се зголеми ефикасноста“, вели претседателот на „АјФлајтек“, Лиу Кинфенг.
Нема потреба од страв дека вештачката интелигенција ќе ги преземе работните места во областа на медицината. Во овој случај, станува збор за сосема спротивното, бидејќи со оваа вештачка интелигенција ќе се работи на зголемување на способностите на луѓето, наместо нивна замена.
Поврзани артикли