Технолошките гиганти „Интел“ и АМД ги здружија силите со цел – производство на лаптопи со технолошки пософистицирани перформанси.
Идејата е да се поврзат Интел Кор процесорите и графиката на АМД, што се содржи на пример, кај „Икс-Бокс Уан Икс“ конзолите, низ револуционерниот Ембдед Мулти-Дај Интерконект Бриџ протокол (ЕМИБ), заснован на хетероген силикон, којшто овозможува брз пренос на информации.
– Нашата соработка со „Интел“ ја проширува веќе поостоечката база на АМД Радеон графичките картички и нуди решение за графиката со високи перформанси. Заедно на гејмерите и креаторите им нудиме потенок и полесен компјутер (лаптоп), оспособен за поголеми перформанси во ААА игрите и програмите за креирање содржини, изјави главниот менаџер на АМД, Џим Андерсон.
Двете компании ќе изработат и заеднички драјвер, соодветен за новите процесори.
Поврзани артикли