Секоја година, во ова време кога на Антарктикот е пролет или лето, НАСА со посебни авиони поминува над овој континент за да добие увид за тоа како влијанието на глобалното затоплување се одразува на пејсажот на овој континент.

Американската вселенска агенција овие снимања ги повторува секое арктичко лето, како дел од проектот Operation IcceBridge.

Пред неколку дена авион на НАСА го прелетал замрзнатиот гребен Larsen C, како и новиот замрзнат брег наречен А – 68, со величина од околу 5.000 километри квадратни, кој се создал во периодот од 10 – 12 јули оваа година.

Фотографиите кои НАСА ги објавила на своите профили на социјалните мрежи претставуваат први снимки од замрзнатиот брег видени со човечко око, бидејќи досега сите прикажани снимки биле сателитски.

А – 68, сам по себе, не претставува опасност, освен за бродовите кои пловат во таа област.

Меѓутоа, постои веројатност дека понатамошното одделување од Ларсен  C, кој се наоѓа во дел од Антарктикот кој бргу се загрева, би можело да го забрза процесот на исчезнување на овој замрзнат гребен. Тоа би довело до пораст на нивото на морето.

Она што во иднина ќе се случува со антарктичкиот мраз е од големо значење за остатокот на светот, бидејќи порастот на морето на повеќе локации во светот би достигнал многу голема висина.

Некои истражувања дури тврдат дека ќе се случи катастрофален пораст на нивото на морето од цели 15 метри, до 2500 година, кој ќе ги потопи американските држави Флорида и Луизијана, потоа Бангладеш и дел од југоисточна Азија.

Извор: B92.net