Научниците тврдат дека ја откриле мистеријата на најстарата „мртва зона“ во средниот дел на Тихиот Океан, објави „Independent“.

Се работи за зона на околу 2 километри под површината на океанот каде има вода стара околу 2.000 години. Се работи за една од најстарите и најдлабоките зони од овој вид на Земјата.

Иако водата во океаните постојано се движи во форма на океански струи, водата во оваа зона е потполно неподвижна.

Ова ги мачеше научниците до неодамна, кога во списанието „Nature“ беше објавено истражување што го спроведе научниот тим на доктор Касимир се Лаверње.

Лаверње и неговите колеги откриле дека водата е заробена во ова место поради самиот облик на океанското дно.

Поточно, зоната се наоѓа помеѓу текови на влезни струи предизвикани од грубото релјефно дно на океанот, топлите геотермални извори сместени на длабочина од 2,5 километри, како и поплитките струи на површината на океанот што ги движи ветрот.

„Кога водата стара еден и пол милениум останала заробена во оваа зона, со неа останале заробени и сите хранливи состојки и јаглеродот, кои играат огромна улога во способноста на океанот да ја менува климата во временски периоди сметани во векови“, вели доктор Фабијен Рокет од Универзитетот во Стокхолм, еден од авторите на истражувањето.

Иако кислородот е неопходен за опстанок на сите живи суштества, тоа не значи дека ги нема во овие делови од океанот.

„Можеби не цвета живот во овие делови од океанот, но тоа не значи дека зоната буквално е мртва“, вели Лаверње.

Во Атлантскиот и Индискиот Океан исто така има „мртви зони“, но тие се значително помлади.

Извор: B92.net