Додека тинејџерите и натаму ги преферираат паметните телефони на Apple, повозрасните не се толку фасцинирани од моделите на американската компанија и се чини дека повеќе би сакале за Божиќ да добијат подарок – Samsung Galaxy S8.
Истражувањата спроведени во текот на минатите неколку години во САД, покажуваат дека најпопуларен телефон меѓу тинејџерите е Ајфон.
Според истражувањето на “Piper Jaffray” на почетокот на оваа година, дури 76% од 5 и пол илјадите анкетирани, веќе поседувале iPhone. Исто така, за повеќе од 80% од испитаните тинејџери, следниот паметен телефон кој што би го купиле би бил Ајфон, додека истото истражување минатата година изнесувало 75%.
Последното истражување кое што неодамна го спроведе компанијата “Ebates” околу божиќните подароци, ја потврди популарноста на телефоните на Apple меѓу тинејџерите, но истовремено покажа дека повозрасните не се толку заинтересирани за Apple, туку повеќе ги преферираат паметните телефони на јужнокорејски Samsung.
Според анкетата во која што било поставено прашањето „Кој телефон би го посакале под елката како подарок за Божиќ“, меѓу понудените одговори биле iPhone X, 8 и 8 Plus на Apple, како и Galaxy S8 на Samsung. Додека тинејџерите ги избрале телефоните на Apple, се покажало дека повозрасните повеќе би сакале како подарок да го добијат Galaxy S8.
Ова се навистина интересни резултати, сметаат новинарите на USA Today, затоа што возрасните имаат повеќе пари од тинејџерите и можат да си дозволат телефон како iPhone X чија што цена изнесува илјада долари, додека пак Galaxy S8 е поевтин за околу 300 долари.
Поврзани артикли