Кинескиот гигант Geely кој ги поседува брендот Volvo сега има нова амбиција и наскоро ќе почне со развој и на летечки автомобили кои изгледаат исто како од научно фантастичните филмови. Geely успеал да го преземе стартапот Terrafugia кој подолго време работи на ваков вид на технологија и со финансиските потенцијали на кинеските богаташи ќе има доволно средства за унапредување на својот проект.

Првите летачки автомобили на Terrafugia се очекува да бидат пуштени на пазарот во 2019 година, најверојатно под еден бренд кој ќе ги обединува со Geely и  Volvo.

Летачките автомобили функционираат во принцип како хеликоптери, имаат вертикално полетување и слетување, а се планира да користат и електрични батерии за да бидат штедливи и да не ја загадуваат околината со издувни гасови.