Кинескиот магнат за е-трговија најави минатата недела дека тестирале дронови за достава на пакети преку вода за првпат.
Три дрона кои носеле вкупно шест кутии со тежина од скоро 12 килограми одлетале од Путиан кон источната кинеска покраина Фуијан на еден остров во околината.
Летајќи по силен ветер, на дроновите им биле потребни девет минути за патувањето од пет километри. Секој од дроновите може да носи до седум килограми.
Дроновите биле развиени и произведени заеднички од подружницата за достава на Alibaba, мрежата Cainiaо, руралната платформа за купување Rural Taobao и домашна технолошка компанија. Услугата на достава со дронови ќе ги намали логистичките трошоци.
Alibaba подготвиле и дополнителни дронови за достава за големата шопинг треска која се случи на 11. ноември во Кина.
Поврзани артикли