Додека Илон Маск сака железничкиот транспорт да го забрза со суперсонични возови, практичните Германци повеќе се грижат за комфорот на патниците.
Такa, компанијата Deutsche Bahn претстави концепт за воз наречен Ideenzug (идеен воз), кој доаѓа со бројни содржини кои на патниците ќе им го направат позабавно возењето, пренесува Vidi.hr.
Дизајнерите и инженерите на германските железници им овозможија на патниците да влезат во концептуална макета со реална големина за да се запознаат со содржините на возовите од иднината.
Извор: Vidi.hr