Праисториска ајкула е уловена на брегот на португалската покраина Аграва. Овој стар предок на денешните ајкули спаѓа во праисторискиот период, во време од пред 80 милиони години.
Неговото откривање ги зачуди научниците, а тој стана една од најдолго постојаните животни видови на светот.
Многу малку се знае за овој вид на морско куче. Долго е околу 1,5 метри, има змијолико тело, додатни шкрги и дури 300 заби во три реда.
Според истражувачите, ова морско чудовиште е уловено на длабочина од 700 метри.
Mеѓутоа, ова не е прв пат луѓето да се сретнуваат со оваа праисториска врста. Минатата година еден примерок беше уловен во Русија. Причината што нивниот контакт со луѓето е толку редок, е тоа што нивното живеалиште е во големите длабочини.
Тие се хранат со лигњи, риби и други ајкули.